Бектеши: Соработуваме со сите соседни земји за обезбедување поевтина електрична енергија за стопанството

„Преговараме со сите соседни земји кои имаат вишок на производство на електрична енергија. Сакаме да соработуваме со сите соседи, а со некои веќе имаме договорени соработки. Неможам да навлегувам сега во детали што се е договорено, но правиме напори да обезбедиме поевтина електрична енергија за стопанството“ изјави министерот за економија Крешник Бектеши во вчерашното гостување на тв Сител.

„Со Бугарија не се преговара за цени кои се на слободен пазар, туку за цените кои ги бара стопанството. Барањата на стопанството е цените да бидат од 150 до 200 евра, односно дупло пониски цени од она што е на берзата. Ние бараме таква цена на електрична енергија, и имаме понуди, но не се по таа цена што ја бара бизнисот.Стопанството бара директа субвенција од државата на 10 најголеми потрошувачи на струја, тоа се околу 20 милиони евра директни субвенции што не е логично и неможе да се даде од страна на државата пред се поради фактот што сите средства во буџетот се средства на граѓаните, а нас приоритет ни се домаќинствата и микро, малите и средните компании“ посочи Бектеши.

Тој вели дека 2487 правни субјекти немаат договор за снабдување со електрична енергија. Ако паметите од почетокот на годинава, секогаш сме повикувале да склучуваат договори. Од тие, 60 се во надлежност на локалната власт. Не е во ред училиштата да се остават без снабдувач

„Согласно Законот, ако немаат склучено договор со снабдувач, ако денешната цена е 400 евра, тогаш субјектите без снабдувач плаќаат 600 евра бидејќи се на краен снабдувач. Тоа значи дека го оштетуваат Буџетот Ако денеска ми се укинува договорот со снабдување на електричка енергија, ќе плаќам поголема цена. Никаква постапка не вршеле. Според мене и ова е злоупотреба на Буџетот, рече Бектеши и кажа дека се разгледуваат опции да се помогне на училиштата пред се на основните и средните се со цел да не се наштети на образовниот процес“ кажа министерот.

Во однос на стравувањата на скопјани за снабдување со топлинска енергија министерот кажа дека тоа нема да се случи.

„Убеден сум дека ќе имаме договор за пониски цени на гас, а со тоа и пониска цена на парно, се со цел да не даваме субвенции каде што нема потреба, прецизира министерот Бектеши.