Бектеши: Производителите на леб имаат обврска да го произведуваат и да го продаваат лебот со замрзната цена

Владата со нова одлука ги обврзува трговците со леб да произведуваат бел и полубел, сечен или на парчиња и истиот да го продаваат по цена од најмногу 33 денари.

Истата на својот ФБ профил ја објави министерот за економија Крешник Бектеши кој напиша: „Секој производ ќе го има по фер цени“.

Според владината одлука производителите на леб ќе имаат обврска да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена, во количина од најмалку 80 отсто од производството на овој леб во месец декември 2022 година.

Трговците на мало кои продаваат леб, имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови леб, да имаат најмалку 80 отсто од лебот со замрзнатата цена, се наведува меѓу другото во текстот на одлуката што вчера беше донесена и објавена во Службен весник.