Бектеши: Од 1 ноември ќе има топлинска енергија, склучен е договор
И од 1 ноември граѓаните ќе имаат топлинска енергија, уверува министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој на денешната прес-конференција во Владата соопшти дека е склучен договор од страна на ЕСМ за набавка на природен гас за топланите, а за подетелни информации упати на ЕСМ.
– Склучен е договор од страна на ЕСМ за набавка на природен гас. Ќе работи дополнително и ТЕТО која ќе покрива 60-70 проценти од потребите на топлинската енергија. Пропаднаа во вода кажувањата на одредени енергетски екссперти дека требаше уште пред два-три месеца да направиме договори кога цената на природниот гас беше од 3000 до 4000 евра за нормален метар кубен, изјави Бектеши, додавајќи дека цените по е направена набавката на природен гас се двојно пониски од овие што ги кажувале експертите.