Бектеши: Одредени компании вештачки ги зголемиле цените за да профитираат
– Не помина ниту една недела каде одредени производи се зголемија, но тоа е само во делот на тестетинините и на некои други производи, маслото за јадење и други производи вратена е само процентот од делот на ддв. Освен објава на фирмите, ќе донесеме заклучок за сите инспекторати да излезат на терен и да проверат дали цените вештачки се зголемени. Има одредени компаниии кои вештачки ги зголемиле цените над 60% со цел да ја искористат ситуацијата на грбот да граѓаните. Не сакаат да се откажат од ниту еден процент во делот на профитот. Доколку овие трговци сами не ги вратат цените со нормални маржи тогаш повторно ќе донесеме непопуларни мерки, се со цел да го заштитите стандардот на граѓаните“ кажа министерот и потенцираше дека до крајот на неделата во координација со Коморите, трговците и производителите ќе се донесе одлука дали и какви мерки ќе бидат донесени. Во координација со сите Стопански комори беше донесена одлука мерката за замрзнување на цените на производите да не се продолжи после 1 јуни, за да се остави пазарот сам да ги одреди цените.Но, доколку утврдиме дека има злоупотреби и манипулации тогаш ќе реагираме веднаш“ кажа Бектеши и потенцираше дека Ребалансот на буџетот е веќе во собраниска процедура, штом ќе биде донесен ќе креираме нови мерки согласно потребите и на граѓаните за да се зибегнат големи ценовни шокови“, истакна министерот Бектеши во емисијата 24 анализа за новото покачување на цените .
Тој меѓудругото истакна дека чекаат да се усвои ребалансот на буџетот каде се предвиедени сретства за креирање на новите мерки.