Бектеши: Нема да дозволиме кршење на Рамковниот договор – мора да има рамноправност

Крешник Бектеши од ДУИ реагира дека власта го крши Охридскиот рамковен договор – според него, целта на Европскиот фронт, и ДУИ како лидер на фронтот е целосна рамноправност.

Тој во емисија на тв21 уверува дека ДУИ нема претензии за регионализација или кантонизација на Македонија, но, како што додава, „не можат да седат со скрстени раце пред игнорантскиот однос и деградирањето на Албанците во Македонија“.

Зборувајќи за предупредувањата за наесен, Бектеши рече дека ќе ги повика сите граѓани, дури и оние кои не го поддржаа ЕФ на изборите, да станат дел од оваа Платформа со давање идеи за подобрување и почитување на легитимитетот. Не се исклучени и протести.

„Што се однесува до конкретните мерки, најпрво ќе се анализираат различните опции кои потекнуваат од документите што се составени од меѓународни и домашни експерти, а потоа по многуте средби што ќе ги имаме со граѓаните, секако може да излезе дека граѓаните бараат преку протести да го покажат своето незадоволство од оваа дискриминација на Албанците“, рече Бектеши.

Бектеши откри и дека добиле информации внатре од владејачките партнери, кои, според Бектеши, им даваат задолженија на безбедносните институции да ги следат претставниците на Европскиот фронт за активностите што ќе ги преземат во врска со најавените мерки за заштита на легитимноста.

„ВМРО, заедно со експоненти на ВРЕДИ, им дадоа задачи на одредени институции, главно институции поврзани со државната безбедност, па дури имаат и мејлови и наредби, со единствена цел да ги следат експонентите, кои во моментов се во опозиција, за инсинуациите на Мицкоски за каква било дестабилизација што може да се случи наесен, за мерките што можат да ги преземат, за тоа што планираат да се случи наесен. Од тука апелирам до нив да не се заморуваат премногу, да не трошат енергија со проблеми што самите си ги прават“, вели Бектеши.