Бектеши: Некои политички партии и центри се занимаваат со лажни вести за да креираат паника
„Одредени политички партии и центри се занимаваат со лажни вести, само за да креираат паника и на таков начин, индиректно, вештачки, да влијаат на зголемување на кризата“. Ова вечерва на тв24 го изјави министерот за економија – Крешник Бектеши.
Тој уште еднаш истакна дека нема простор, ниту потреба од паника кај граѓаните зашто храна и нафтени деривати има.
Порача дека контролите во маркетите ќе продолжат. Според него, земјава најдобро се справи со енергетската криза.
„Залихи на граѓаните не им се потребни. Имаме доволно прехранбени производи и нафтени деривати и тоа го кажуваме речиси секојдневно. Контролите на УЈП и Инспекторатот ќе продолжат. Доставивме барање до надлежните институции да постапуваат согласно законите за потрошувачите да бидат заштитени“ – смета министерот.