Бектеши: Наша главна цел е заштита на домашниот пазар и граѓаните во време на криза
„Заштита на домашниот пазар и граѓаните во време на криза, избегнување шпекулативни дејства на трговците и производителите и заштита на домашното производство, е целта на најновата мерка, донесена денеска во Владата, со која до 15 април 2022 година продолжува забраната за извоз на одделни житарици и сончогледово масло“.
Ова го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, нагласувајќи дека забраната за извоз на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе од сончоглед-вклучувајки кршено или дробено, масла од семе од сончоглед, шафраника или мапуково семе и нивни фракции, пречистени или непречистени, но хемиски немодификувани, од сончоглед ќе важи и во наредните 25 дена.
„Приоритет на нашата Влада е да го заштитиме стандардот на граѓаните и да се одржи економска стабилност“ – наведува министерот.