Бектеши: Над 15% заштеда на електричната енергија кај домаќинствата и малите потрошувачи во последните три месеци
Mинистерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил објави дека заштедата на електрична енергија кај домаќинствата и малите потрошувачи само во декември изнесува 17%, додека во ноември заштедата изнесувала 18% и во октомври заштедата изнесувала 17%.
Тоа значи дека во последните три месеци домаќинствата и малите потрошувачи имаат над 15% заштеда на електрична енергија што беше препораќа од мерките на Владата.
Според министерот Бектеши мерките за штедење ги даваат првите резултати, имаме повеќе од 15% заштеда кај домаќинствата и кај малите потрошувачи и тоа помага за справување со енергетската криза.