Бектеши: Во Македонија има доволно нафта, енергенти и прехранбени производи!

Министерот за економија – Крешник Бектеши во интервју за „Макфакс“ вели дека „во моментот во Македонија има доволни количини нафта, енергенти и одредени прехранбени производи, увозот тече непрекинато, вклучувајќи го и оној од Украина, особено во делот на сончогледот“.

Тој најави дека во блиска иднина можно е олабавување на одредени одлуки, кои биле донесени од страна на Министерството за економија, со цел, како што рече, да може да се покрие цената на извозот на одредени производи.

„Кога зборуваме за олабавување на мерките, зборуваме за дозвола за извоз на одредени производи, кои веќе се забранети“ – рече Бектеши.

Оценува дека снабденоста со масло во државата е добра, а компаниите ги имаат соодветните резерви. Потенцира дека во моментот нема потреба од активирање на државните резерви.

Министерот за економија ја коментира и најавената блокада на Собранието од страна на опозицијата, а има и коментар за откривањето на споменикот во Слупчане.

„Toa e вистината, тоа се случило во Северна Македонија и ние треба да гледаме во иднината и да не се занимаваме дали таму учествувале високи функционери на ДУИ или од друга политичка партија, најважно од сè е да се обединиме кон целосна интеграција во ЕУ“ вели тој.