
Беким Фазлиу: Една недела Али Ахмети и ДУИ се во тотален молк
Помина цела недела откако ја отворивме најголемата политичко-финансиска афера во поновата историја на Македонија. Една недела Али Ахмети и ДУИ се во тотален молк. Една недела се надеваат дека со криење вистината ќе исчезне, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на претставникот на ВЛЕН – Беким Фазлиу.
Помина цела недела откако ја отворивме најголемата политичко-финансиска афера во поновата историја на Македонија. Една недела Али Ахмети и ДУИ се во тотален молк. Една недела се надеваат дека со криење вистината ќе исчезне, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на претставникот на ВЛЕН – Беким Фазлиу.
„Мислеа дека ако поднесеме иницијатива до Антикорупциската комисија, ние ќе застанеме и ќе чекаме. Се излажаа. Ние не застанавме, туку продолживме да истражуваме. И денес, ќе ви презентираме нови докази кои покажуваат дека криминалната врска на фамилијата Ахмети со режимот на Александар Вучиќ не е од вчера. Таа е постара, подлабока и многу поопасна отколку што можевме да замислиме. Досега знаевме дека фантом-фирмата на фамилијата Ахмети, „АС Сењак“, напумпана со милиони евра народни пари од тендери, служела како посредник за префрлање на акциите на Сашо Мијалков во рацете на српската Алта Банка“ вели Фазлиу.
Тврди дека „Фирмата „АС Сењак“ не е само обична компанија. Таа е центар на една бизнис-пајажина, фирма-мајка која поседува удели и во други компании. Истражувајќи ја таа пајажина, дојдовме до застрашувачко откритие. Една од фирмите во која „АС Сењак“ на фамилијата Ахмети е сопственик, земала кредит директно од Алта Банка од Белград!“.
„На 9 Јуни 2025 година, преку компанија во која Ас Сењак е ко-сопственик, се подигнати 5.000.000 Евра кредит од Алта Банка. За истиот кредит, фирмата е обврзана да доставува редовни пријави и известувања кон Народната Банка на Србија! Да повторам за да биде кристално јасно: не зборуваме за продажбата на акциите од пред дваесетина дена. Зборуваме за претходна, директна финансиска инјекција од банката на српскиот режим во бизнис-империјата на Али Ахмети. Ова целосно ја руши тезата дека можеби се работело за некаков изолиран, еднократен бизнис-договор. Ова докажува дека соработката, довербата и финансиските врски меѓу фамилијата Ахмети и банката на Вучиќ постоеле и пред оваа афера“ смета Фазлиу.
Продажбата на акциите на Мијалков не била почеток, туку само продолжение или можеби круна на една веќе воспоставена, тајна соработка. Парите од Белград веќе течеле кон фирмите на Ахмети, порача тој.
„Клопчето почна да се одмотува и сликата е сè појасна. Ова не е само политичка корупција, ова е финансиска зависност од центри кои отворено работат против интересите на Албанците и на нашата држава. Додека глумат патриотизам пред камерите, зад сцената склучувале зделки и земале кредити од оние против кои наводно се борат. Нивниот молк повеќе не е опција“ дециден е Фазлиу.