„Без меѓусебно признавање на Србија и Косово, нема членство во ЕУ“

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, истакна дека ставот на германската влада е дека меѓусебното признавање на Србија и Косово е неопходно и дека без него нема членство во ЕУ и апелираше до Србите на Косово повторно да ги регистрираат своите возила со косовски регистарски таблички.

На заедничката прес-конференција со министерката за надворешни работи на привремената влада во Приштина, Доника Гервала-Шварц, Бербок истакна дека целта на Германија е да го стави Западен Балкан во фокусот на ЕУ.

„Две членки на ЕУ кои не се признаваат е незамисливо“, изјави министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, додавајќи дека прашањето за табличките е поврзано со интегративниот процес, пренесе „Танјуг“.