Безживотно тело на жена пронајдено во Јужна Морава

Тело на жена, која најверојатно се удавила, утрово е пронајдено во Јужна Морава во атар на селото Јелашница, кај српскиот град Лесковац.

Како што пренесуваат порталите, тело на жена која плута во реката го забележал локален жител кој веднаш ја известил полицијата за тоа.

Пожарникарите набрзо пристигнале на местото на настанот, заедно со полицијата, која телото на несреќната жена го одвлекла до брегот на реката, каде што била извршена истрага.

По наредба на обвинител телото на жената е испратено на обдукција каде ќе се врши идентификација и ќе се утврдува точната причина за смртта.