Безживотно тело на жена извадено од водите на Охридско Езеро

Од водите на Охридското Езеро вчера попладнето било извадено безживотно тело на жена, потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Според неговите информации, безживотното тело било забележано околу 16 часот во близина на Канео и во полиција било пријавено од случаен минувач.

„Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот и идентификација на лицето“ изјавил Димоски.