Вчера се отвори 56-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп со доделувањето на наградите за животно дело на актерката – Бедиа Беговска и драмскиот автор и драматург – Русомир Богдановски.
Први на сцената настапија актерите од МНТ со „Народен непријател“ од Ибзен, во режија на Нина Николиќ.
Градоначалникот на Прилеп – Борче Јовчески на отворањето на фестивалот рече дека „Војдан Чернодрински“ е насушна потреба не само за градот, туку и за Македонија, бидејќи ја отсликува потребата од идентификација на културата и традицијата.