БЕГ ја нема веќе лиценцата за парно греење во Скопје
Претседателот на РКЕ – Марко Бислимоски денеска на прес-конференција соопшти дека е донесена одлука за престанок на лиценцата за парно греење на БЕГ во Скопје.
„РКЕ ќе ја информира Владата и потоа таа, во соработка со Министерството за економија, ќе може да организира јавен повик за избор на нов оператор за производство на топлинска енергија“ – рече Бислимоски.
Тој очекува роковите да бидат куси за да може брзо да се организира топлинското загревање на станови и фирми во Скопје.
Бислимоски информираше дека од БЕГ биле на ставот дека нема да можат да организираат производство на топлинска енергија со таков квалитет како порано.
Сепак, првиот човек на Регулаторна порача дека скопјани нема да имаат последици од одлуката. Потсети дека Град Скопје се изјаснил дека не е способен да организира производство на топлинска енергија за главниот град.
Според законот, лиценцата за производство на топлинска енергија значи дека РКЕ може да му ја определи цената на БЕГ, додека ТЕ-ТО не е регулиран производител, што значи дека се определува цена на регулираното производство.
Кој и да биде операторот, според законот мора да има резерви за 15 дена и алтернатива на префрлување на мазут.