Бегај: Независноста на судството, темел на демократијата

Во албанскиот приморски град Валона, денеска почна дводневна конференција, организирана од Врховниот суд на Република Албанија во соработка со Институтот CEELI, со учество на судии кои ги претставуваат американските врховни судови и претседателите на врховните судови на земји од Централна и Источна Европа.

Во албанскиот приморски град Валона, денеска почна дводневна конференција, организирана од Врховниот суд на Република Албанија во соработка со Институтот CEELI, со учество на судии кои ги претставуваат американските врховни судови и претседателите на врховните судови на земји од Централна и Источна Европа.

Учесниците на овој собир, ги поздрави претседателот Бајрам Бегај, кој се фокусираше на одговорноста на врховните судии, нагласувајќи ја нивната улога како гаранти на правдата, обезбедување почитување на законот и зачувување на основните права и слободи на граѓаните, како и градење на јавната доверба во правдата.

– Оваа улога бара професионализам, интегритет и длабоко чувство за јавна одговорност. Улогата на судството станува уште поважна бидејќи општествата на нашите земји се соочуваат со различни предизвици, кои бараат не само правни, туку и душевни решенија што ги одразуваат нашите заеднички демократски вредности, порача тој.

Посебен акцент стави на зачувувањето на независноста на судството, кое „не е привилегија или ексклузивност на позиција, туку основа на демократијата, гаранција за непристрасност на пресудата и неопходен услов за правда што им служи на граѓаните“.

– Независноста значи автономија во пресудата, а не одвојување од одговорност и отчетност. Тоа е слобода да се донесуваат фер и објективни одлуки, подалеку од какво било политичко или финансиско мешање или влијание. Транспарентноста и одговорноста се двата фундаментални принципи што ги гарантираат кредибилитетот, праведноста и ефикасноста на судскиот систем. Тие се другата страна од медалот на судската независност, кои заедно ги гарантираат стандардите на правдата, нагласи тој.

Бегај уште еднаш од оваа конференција ја искажа својата поддршка за реформата на правосудството во неговата земја, независноста на новите правосудни институции, Специјалното обвинителство и суд против корупција и организиран криминал, и нивните напори во заштитата на правата на поединецот и јавниот интерес, во ставањето крај на феноменот на неказнивост, борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Министерот за правда Улси Мања, во своето обраќање ја спомена реформата во правосудството, велејќи дека од нејзиното започнување, целта е да се врати довербата на јавноста во правосудниот систем.

Оваа конференција, рече министерот, се одржува во посебен момент за земјата, бидејќи ќе биде домаќин на Светскиот конгрес на правдата во 2027 година.