Бегалец баран со пет потерници фатен во велешко

Вчера околу 23.30 часот на место викано Ветерско во Велес, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишиле од слобода Ќ.Н.(36) од с.Сингелиќ, скопско, соопшти полицијата.

Тој бил баран со три централни и две меѓународни потерници за издржување казна затвор од шест години за повеќе извршени кривични дела криумчарење мигранти по член 418 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во СВР Велес, по што било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.