Бебе тешко 6,5 килограми – најголемо новороденче во САД

Британи и Ченс Ејрес очекувале големо бебе, но биле шокирани кога по раѓањето на синот Сони дознале дека момчето тежи 6.577 грама, што е двојно повеќе од тежината на просечното новороденче.

Сони е роден со царски рез во болницата Кембриџ Меморијал на 23 октомври. Според д-р Аса Ахимбисибве, тој е најголемото бебе од почетокот на мерењата во 2010 година.

„Кога го ставија Сони на вага, се обложуваа колку тежи“, вели тато Ченс за Today.

Ова е петто дете на парот, а воедно и најтешко. Според Американското здружение за бременост, повеќето бебиња родени помеѓу 39-та и 40-та недела од бременоста тежат помеѓу 2.700 и 4.000 грама.

Мама Бритни вели дека немала гестациски дијабетес, состојба која, доколку не се лекува, може да предизвика преголем раст на бебето.

„По стомакот знаев дека ќе биде големо бебе. Воопшто не ми недостига бременоста“, изјавила таа.

Сони се храни здраво, а медицинските сестри биле воодушевени од неговиот апетит. Просечно новороденче пие околу 20 милилитри млеко по оброк, а тој веднаш испил 90.

На почетокот на оваа година, жена во Бразил роди момче тешко 7.257 грама, додека Гинисовиот светски рекорд за најтешко бебе го држи Италијанец роден во 1955 година. Тој тежел 10,2 килограми.