,,Да се биде еснаф, некој уметник овде, најмалку треба да се помине некое долго време, да те познаваат луѓето дека си еснаф или пак продавач во Старата скопска чаршија.” – истакна сликарот Имер Бајрами во најновото издание на Трилинг.
,,Во Старата скопска турска чаршија се изменија некои работи што за туристите беа атрактивни. Занаетчиските работи, од уметноста до филиграни, кујунџии, се по ред, почнуваат да изумираат.Второ, старата архитектура почнува да се обновува, треба да има некој ред.” – вели Бајрами.
Тој во Виена престојувал неколку години.
,,Носталгијата за местото каде што живеам во Скопје,во старата чаршија,како што кажавте и вие како издувен вентил, полека секојдневно размислував како да дојдам во Скопје .Иако моите најблиски другари во Виена или овде во Скопје секојдневно викаа немој да доаѓаш, што бараш во Скопје?! Не, тука ќе доагам. Тука ми е местото , сакам во старата скопска чаршија да придонесувам за луѓето, за туристите, за моите луѓе што живеат во Скопје. Тоа ми беше мотивацијата.” – истакна тој.
,,Најмногу има турци, потоа бугарите, има и од Индонезија, Малезија, Америка, Холандија, од Полска. Турските туристи највеќе ги сакаат сликите со бои. Бурите пак, црно бело. Сакаат графика, ретко кој зима во боја. Останатите туристи различни. Највеќе ги привлекува камениот мост и калето. ” – вели сликарот.
Бајрами учествувал во аукција во Белгија со седум слики, кои ги продал за 37.500 евра.
,,Седумте слики беа за хуманитарни цели. Служеа за изградба на културен центар во Белгија во еден град. Тие беа работени во акварел. Во акцијата не ни размислив дека моите слики ке се продадат за таа цена.” – потенцираше сликарот.
А за празникот Бајрам, вели дека премногу му значи кога некој ќе му го честита истиот.
,,Многу ми значи кога вие, или вашите другари, или вашиот татко ке ми честита Бајрам. Едно обединување и слога.” – истакна Имер Бајрами.