Бајден: Ќе се заштити правото на абортус!

Џо Бајден – претседателот на САД денеска изјави дека не знае дали објавената одлука на Врховниот суд за абортусот е точна или ја одразува конечната одлука, но тврди дека неговата администрација ќе биде подготвена да одговори кога ќе биде донесена одлуката со цел да се заштитат правата за абортус.

„Верувам дека правото на жените на избор е основно“ – наведе Бајден во писмена изјава.

Првичната, неофицијална одлука која излезе во јавноста сугерира дека Врховниот суд на САД ќе гласа за поништување на одлуката донесена во случајот „Ро против Вејд“, со кој во 1973 година се легализираше абортусот низ САД.

Одлуката не е потврдена, но доколку е точна тоа би било преседан.