Претседателот на САД – Џо Бајден објави нови санкции против Русија и рече дека Г7 ќе воведе нови санкции за се поголем број руски олигарси и нивните семејства.
„Г7, исто така, го засилува притисокот врз корумпираните руски милијардери. Додаваме нови имиња на списокот на олигарси и нивните семејства. Тие го поддржуваат Путин. Крадат од рускиот народ и се обидуваат да ги скријат своите пари во нашите земји. Тие се дел од таа клептократија што постои во Москва и мора да бидат дел во овие санкции, рече Бајден.
Американскиот претседател рече дека ќе биде забранет увозот на морска храна, вотка и дијаманти од Русија. Тој додаде дека САД ќе го отповика статусот на Русија на „трајни нормални трговски односи“. Тоа значи дека САД ќе воведат царини за широк спектар на руски стоки, рече Бајден.
„Ќе продолжиме да го притискаме Путин. Тој е агресор, тој мора да ја плати цената“ – истакна Бајден.
Рече дека Русија „ќе плати висока цена“ доколку употреби хемиско оружје.