Бајден: Украинците постигнаа значителен напредок, но тешко е да се каже дали ова е пресвртната точка на војната

Претседателот на САД, Џо Бајден, коментирајќи го успехот на Украина во враќањето на окупираната територија, рече дека е тешко да се процени дали имало пресврт во оваа војна која трае од 24. февруари.

„Јасно е дека Украинците постигнаа значителен напредок, но мислам дека ни претстои долг пат“ – рече Бајден.

Белата куќа, која обезбеди милијарди долари во оружје и поддршка за Украина, рече дека САД најверојатно ќе објават нов пакет воена помош во „наредните денови“.

Инаку, украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето последно видео обраќање изјави дека Украина вратила 8.000 квадратни метри територија окупирана од руските сили.