Бајден спречи контранапад – Нетанјаху се откажа од возвратен удар кон Иран

Американскиот претседател Џо Бајден го одврати премиерот Бенјамин Нетанјаху да даде зелено светло за одмазднички напад врз Иран, откако оваа земја минатата ноќ лансираше околу 300 беспилотни летала и проектили за да го нападне Израел, пишува Њујорк Тајмс.

Според извештајот, неколку членови на воениот кабинет на Израел биле за покренување на брз напад, но недостатокот на сериозна штета нанесена на Иран, покрај разговорот на Нетанјаху со Бајден, доведе до негово откажување.

Од друга страна, портпаролот на израелската армија најави неодреден одговор по големиот ирански напад врз Израел.

„Ќе му одговориме на Иран со акција, а не со зборови“, изјави тој за иранска телевизија.

Воениот портпарол не навлезе во детали за тоа како би можел да изгледа одговорот на Израел.

Друг армиски пост гласеше: „Секоја акција има реакција, не со зборови, туку со акција“.

Се уште е во тек состанокот на израелскиот воен кабинет.

Советникот за комуникации за национална безбедност Џон Кирби рече дека САД „ќе продолжат да работат со“ и ќе го „советуваат“ Нетанјаху, на прашањето дали администрацијата има доверба во проценката на израелскиот премиер за потенцијалниот одговор на иранскиот напад.

Тој рече дека верува оти пошироката војна не е неизбежна.