Џо Бајден – претседателот на САД својот говор за состојбата на нацијата синоќа го започна со остра осуда на рускиот претседател Владимр Путин за неговата воена агресија во Украина и се закани дека ќе го заплени „нечесно“ стекнатото богатство на руските олигарси.
„Путин го наруши слободниот свет, мислеше дека ќе влезе во Украина и светот ќе се оттргне. Наместо тоа тој удри во цврст ѕид. Тој се соочи со украинскиот народ. Путин греши, ние сме подготвени и направивме коалиција, и заедно со ЕУ, Велика Британија и други земји како Јапонија, Австралија, Нов Зеланд па и Швајцарија, воведовме жестоки санкции за да го отсечеме од неговиот воен буџет“ рече Бајден.
Тој се обрати и до руските корумпирани олигарси со порака „ќе го најдеме вашето нечесно стекнато богатство“.
„Заедно со нашите европски сојузници да ги најдеме и заплениме нивните јахти, луксузни станови, нивните приватни авиони. Но, исто така и го затвораме нашето небо за руските авиони. Путин сега е поизолиран од кога и да е од остатокот од светот, бидејќи во борбата против автократијата, демократиите се здружуваат. Најавувам дека ќе им се придружиме на нашите сојузници во затворањето на воздушниот простор на САД за сите руски летови, дополнително изолирајќи ја Русија и додавајќи дополнителен притисок врз нивната економија“ – рече Бајден.
Изјави дека САД и сојузниците од НАТО ќе ја бранат секој педа од својата територија во Европа.
„Заедно со нашите сојузници обезбедуваме поддршка за Украинците во нивната борба за слобода. Воена, економска и хуманитарна помош. Ќе продолжиме со помагањето на украинскиот народ во нивната одбрана на земјата и да се намали нивното страдање“ – кажа Бајден.