„Рускиот претседател Владимир Путин „донесе одлука“ да ја нападне Украина“. Ова го нагласи во синоќешното обраќање американскиот претседател – Џозеф Бајден. Тој додаде дека Русија има намера да ја нападне Украина во следната недела или денови.
„Русија се обидува да „постави лажно оправдување“ за војна против Украина“ – нагласи Бајден од Белата куќа.
Американскиот претседател се осврна на низата дезинформации што Русија ги објавува. Нагласи дека „видел извештаи за голем број прекршувањето на примирјето од страна на борци поддржани од Русија кои се обидуваат да ја испровоцираат Украина во Донбас“.
„На пример, вчерашното гранатирање на украинска градинка, за кое Русија лажно тврдеше дека е извршено од Украина. Исто така, продолжуваме да гледаме дека се повеќе и повеќе дезинформации се пласираат во руската јавност, вклучително и сепаратистите поддржани од Русија, тврдејќи дека Украина планира да изврши масовен офанзивен напад во Донбас“ – изјави Бајден.