Бајден повика на пауза во борбите меѓу Израел и Хамас: Дајте им време на заложниците да излезат!

Американскиот претседател Џозеф Бајден повика на „пауза“ во борбите меѓу Израел и палестинските милитанти Хамас во Појасот Газа, со цел да се дозволи ослободување на заложниците.

Бајден рече како одговор на една жена од публиката на предизборниот митинг во Минесота, која го повика да застане за прекин на огнот, пренесува Ројтерс.

„Мислам дека ни треба пауза. Паузата значи да им се даде време на заложниците да излезат“, рече Бајден.

Белата куќа подоцна соопшти дека претседателот мислел на хуманитарната помош и 240-те заложници кои ги држел Хамас. Жената беше придружувана од обезбедувањето додека извикуваше „примирје сега“, но Бајден рече дека ситуацијата е „неверојатно комплицирана“ и за Израелците и за муслиманскиот свет.

„Го поддржав решението за две држави, го направив од самиот почеток. Факт е дека Хамас е терористичка организација. Чиста терористичка организација“, рече Бајден.