Бајден му додели на папата Франциск претседателски медал на слободата
„Претседателскиот медал на слободата е највисокото цивилно признание на нацијата, доделено на поединци кои дале исклучителен придонес за просперитетот, вредностите или безбедноста на САД, светскиот мир или други значајни општествени, јавни или приватни потфати“, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Американскиот претседател Џо Бајден синоќа телефонски разговараше со папата Франциск и притоа му соопшти дека му доделил „претседателски медал на слободата“ со дистинција, соопшти Белата куќа.
Бајден претходно овој месец вакви Претседателски медали на слободата им додели на 19 лица, но ова е првпат во неговиот мандат да го додели медалот „со дистинкција“, што е повисоко ниво на Претседателскиот медал на слободата.
„Претседателскиот медал на слободата е највисокото цивилно признание на нацијата, доделено на поединци кои дале исклучителен придонес за просперитетот, вредностите или безбедноста на САД, светскиот мир или други значајни општествени, јавни или приватни потфати“, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Оваа недела Бајден го откажа патувањето во Рим, каде што требаше лично да се сретне со папата, поради катастрофалните пожари во Калифорнија.