Американскиот претседател Џо Бајден и нареди на американската војска да и помогне на одбраната на Израел од иранските напади и во соборувањето на проектилите што го гаѓаат Израел, соопшти Белата куќа, пренесе Тајмс оф Израел.
Бајден и потпретседателката Камала Харис го следат иранскиот напад врз Израел од Собата за ситуации во Белата куќа и редовно добиваат ажурирања од нивниот тим за национална безбедност, додава Белата куќа, пренесува израелскиот медиум.
Во меѓувреме, Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го осуди „проширениот конфликт на Блискиот Исток“, откако Иран ланираше бран проектили кон Израел.
Осудувајќи ја „ескалацијата по ескалацијата“ во регионот, Гутереш во изјавата нагласи: „Ова мора да престане. Апсолутно ни треба прекин на огнот“.