Американскиот претседател Џо Бајден беше подложен на биопсија на кожата во февруари, која покажа дека лезијата на неговите гради е карцином на базалните клетки, вообичаен тип на рак и целото канцерогено ткиво е отстрането, изјави вчера лекарот од Белата куќа, Кевин О’Конор.
Бајден ќе продолжи да го следи дерматолог, но местото на биопсијата е заздравено и не бара дополнително лекување, рече докторот.
Лекарите минатиот месец рекоа дека 80-годишниот Бајден е здрав и способен за должност.
Во писмото објавено од Белата куќа, О’Конор истакнува дека лезиите на базалниот рак на кожата немаат тенденција да метастазираат.
„Местото на биопсија добро заздрави, наведвуа. „Не е потребно натамошно лекување“, додава лекарот.
Бајден, уште пред да ја преземе функцијата претседател, беше подложен на операција за отстранување на рак на кожата.