Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека неговиот украински колега Володимир Зеленски не сакал да ги слуша неговите предупредувања откако американските разузнавачи собрале информации дека Русија планира да изврши инвазија.
„Ништо слично не се случило од Втората светска војна. Знам дека многу луѓе мислеа дека можеби претерувам, но имавме јасни податоци кои ни кажуваа дека Владимир Путин ќе оди преку границата. Немаше сомнеж во тоа. Но, Зеленски не сакаше да нè слуша“ – изјави Бајден.
Познато е дека во деновите пред почетокот на рускиот напад на 24. февруари, Зеленски тврдеше дека Западот шири паника и дека нема назнаки дека Русија во скоро време ќе ја нападне Украина.