Бајден за апсењето на новинарот на „Волстрит журнал“ во Русија: Toa е целосно незаконски!

Претседателот на САД, Џо Бајден во разговор со новинарите пред да замине за Белфаст изјави дека задржувањето во Русија на Еван Гершкович, новинар на „Вострит журнал“, е „целосно незаконски“.

– Целосно незаконски. Се обидувам да се поврзам со членовите на семејството на новинарот – изјави Бајден.

Стејт департментот на Гершкович му додели статус на „бесправно задржан“. Сега прашањето за негово враќање е предаден на Одделот на специјалниот претставник на претседателот задолжен за случаи на граѓани на САД кои се во заложништво.

Весникот укажува дека ова е најбрзото присвојување на статус заложник досега. Тој процес обично трае многу подолго.

-Новинарската работоа е нипрокосновена, бараме Еван Гершкович да биде веднаш ослободен – изјави портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател.

Бајден синоќа пристига во Северна Ирска за одбележување на 25–годишнината од мировниот договор.