Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден денеска потврди дека го разгледува барањето на Австралија основачот на Викиликс, Џулијан Асанж да биде кривично гонет во Австралија, чиј државјанин е.
Во февруари, австралискиот премиер Ентони Албанес го поддржа предлогот во Долниот дом на австралискиот парламент со кој се повикува Асанж да се врати во неговата земја, пренесува Ројтерс.
Вашингтон бара Велика Британија да го екстрадира Асанж во САД, каде против него е поднесена кривична пријава за објавување голем број доверливи американски воени документи и дипломатска кореспонденција на Викиликс.