
Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша законот за геј бракови пред илјадници луѓе на церемонијата во Белата куќа.
– Законот за геј бракови и љубовта што ја брани нанесува удар на омразата во сите нејзини облици и затоа овој закон е важен за секој Американец – рече Бајден.
Законот ги штити меѓурасните бракови во САД. Од некои држави нема да се бара да издаваат дозволи за брак на истополови двојки, но од нив ќе се бара да ги признаат таквите бракови направени на друго место во земјата.
Законот предвидува дека црквите сепак можат да одбијат да склучуваат геј бракови.
Мнозинството републиканци во Конгресот гласаа против тој закон, пренесува АП.
Целта на новиот закон е да ги заштити хомосексуалните бракови доколку Врховниот суд на САД некогаш ја промени пресудата Обергефел против Хоџис.