Бајден ги налути Украинците: Русија не треба да биде етикетирана како спонзор на тероризмот

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека Русија не треба да биде етикетирана како државен спонзор на тероризмот.

Тоа е потег што Украина веќе некое време го бара од Западот поради инвазијата, но и поради руските воени злосторства извршени на украинска територија. Москва, од друга страна, предупредува дека ваквата етикета целосно ќе ги урне руско-американските односи.

На новинарско прашање дали Русија треба да биде означена како државен спонзор на тероризмот, Бајден накратко рече „Не“, во Белата куќа.

Дел од американските законодавци претходно предложија Русија да се означи како спонзор на тероризмот, потсетува „Гардијан“.