Американскиот претседател Џо Бајден имал разговор со премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, со премиерот на Италија Марио Драги, со претседателот на Франција, Емануел Макрон, но и со германската канцеларка во заминување Ангела Меркел. Овие разговори доаѓаат по видеоконференциската средба што Бајден ја имаше вчера со рускиот претседател Владимир Путин.
Европските лидери се согласиле за потребата од постојан дијалог со Русија за да се ублажи нејзиното заканувачко однесување кон Украина.
„Лидерите ја истакнаа важноста Русија да го прекине своето заканувачки однесување кон Украина. „Тие се согласија за потребата од тековен дијалог со Русија за да се поттикне овој исход“ – се вели во соопштението од владата на Велика Британија.
Паднал и договор сите лидери сојузници на САД да останат во близок контакт за да ги координираат пристапите кон ова прашање.
Информациите од Белата куќа се дека Бајден вчера му рекол на Путин дека Западот е загрижен дека Русија ќе ја нападне Украина и предупредил на „силни економски и други контрамерки“ што ќе следат доколку Москва започне воен конфликт.