Бајден: Вашингтон никогаш нема да ги признае украинските територии

Претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека референдумите за анексија на четири региони во Украина кои се под контрола на проруските сили се „измама“. Тој посочи дека Вашингтон никогаш нема да ги признае нивните резултати.

„Вашингтон никогаш нема да ги признае украинските територии како ништо друго освен како дел од Украина. САД стојат со партнерите ширум светот и со секоја нација која ги почитува основните принципи на Повелбата на ОН во отфрлањето на какви било измислени исходи што Русија ќе ги објави“ – рече Бајден.