Бајден бара уште пари од Конгресот за да и помогне на Украина!

Претседателот на САД – Џо Бајден побара од Конгресот да одобри нов пакет воена, економска и хуманитарна помош за Киев вреден 33 милијарди долари, што би се реализирал во следните пет месеци. С

поред предлогот на Бајден, повеќе од 20 милијарди би биле во вид на воена помош за Украина и околните земји.

„Благодарение на помошта што досега сме ја обезбедиле, руските сили се повлекоа од Киев, но тоа не значи дека нема да се вратат. Затоа е многу важно дополнително да ја помогнеме Украина, и воено и финансиски“ – рече Бајден.

Новиот предложен пакет е повеќе од двојно поголем од првичните 13,6 милијарди долари воена и економска помош за Украина и западните сојузници, што Конгресот го одобри минатиот месец.

„Во суштина, веќе немаме пари, па со цел да ја одржиме поддршката за Украина, барам од Конгресот дополнителен буџет за да продолжи испораката на муниција, оружје и економска и хуманитарна помош. Цената на оваа борба не е мала, но потклекнувањето пред агресија ќе биде уште поскапо. Клучно е оваа помош да биде одобрена што е можно побрзо“ рече американскиот претседател.