Љуљзим Баша (48) – претседателот на најголема албанска опозициска партија Демократска партија на Албанците (ПД) поднесе оставка на функцијата, на која е од 2013 година. Тој рече дека „прави чекор назад за да даде можност партијата да се издигне по тешката криза во која се наоѓа“.
„Не сакам да се задржувам на тоа што и како се случи, кој беше во право, а кој не. За жал, обидот да се задржи ПД обединета не успеа. Демократите и јас се соочивме со бројни обвиненија и денес ПД доживува длабока криза. Поради оваа причина и за да и помогнам на ПД да ги остави настрана поделбите, свесен за тежината што ја добив, поднесувам оставка од функцијата претседател. Го правам овој чекор за дадам можност ПД да се издигне по тешката криза во која се наоѓа“ – рече Баша.
Додаде дека ќе „продолжи непрекинато и без двоумење да работи со крв и месо за заживување на Демократската партија“.
И во оваа прилика тој вината за изборните порази на партијата ги нарече последица на „изборни манипулации и кражби“.
Баша на чело на партијата дојде по поразот на парламентарните избори на партијата во 2013 година, кога се повлече Сали Бериша.
На двата последователни парламентарни изборни циклуси, 2017 и 2021 година партијата претрпе пораз, а во 2019 година предводејќи ја обеднетата опозиција ги бојотираше локалните избори.