Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах ја оцени подготвеноста на Париз, домаќинот на Олимпијадата 2024.
– Гледаме огромен ентузијазам за Олимпијадата не само во Париз, туку и низ цела Франција. Милиони луѓе го следеа олимпискиот факел. Сè е организирано за Олимпијадата, сè е подготвено, но ние остануваме внимателни за преостанатите детали, изјави Бах.
Летните олимписки игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август 2024 година.
На Игрите ќе настапат шест македонски спортисти.