Бару: Зеленски покажа достоинство пред притисокот од Трамп

- За чест на демократската одговорност, за чест на Украина и, би рекол, за чест на Европа, претседателот на Украина не потклекна. Мислам дека можеме да му изразиме благодарност за тоа, рече францускиот премиер во обраќање пред парламентот.

Францускиот премиер Франсоа Бару го поздрави украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговата одлучност во дебатата со американскиот претседател Доналд Трамп.

Бару изјави дека средбата меѓу двајцата лидери во Белата куќа била „зашеметувачка сцена, обележана со бруталност и желба за понижување“.

– За чест на демократската одговорност, за чест на Украина и, би рекол, за чест на Европа, претседателот на Украина не потклекна. Мислам дека можеме да му изразиме благодарност за тоа, рече францускиот премиер во обраќање пред парламентот.

Бару истакна дека Европа е многу посилна отколку што самата мисли и дека треба да престане да се однесува како да е слаба.

– Бруто-домашниот производ (БДП) на Европската Унија, заедно со оној на Обединетото Кралство, е десет пати поголем од оној на Русија. Ако ги споредиме арсеналите, нашите континентални вооружени сили, заедно со британските, броиме над 2,5 милиони професионални војници, што е 25 отсто повеќе од руските сили. Имаме 3.000 борбени авиони, двојно повеќе од Русија и САД, нагласи францускиот премиер.