Барселона ја освои титулата без гол од пенал – ова не се случило 81 година

Фудбалерите на Барселона станаа шампиони на Шпанија, а со титулата доаѓа и една неверојатна информација.

Каталонците ја освоија Ла Лига без ниту еден гол од пенал, што не се случило 81 година.

Двапати беа досудени пенали во нивна корист, но Роберт Левандовски не погоди од најстрогата казна против Алмерија, а Феран Торес против Валенсија.

Барселона доминантно му ја откина титулата на Реал Мадрид, кој беше неприкосновен минатата сезона. Избраниците на тренерот Чави Ернандез ја завршија сезоната со 88 бодови, 10 повеќе од второпласираниот Реал.