Барселона подобра од Киелце, ја одбрани титулата во ракометната Лига на шампиони

Шпанска Барселона по 11. пат стана стана ракометен шампион на Европа, а е првиот клуб кој успеал да ја одбрани титулата освоена минатата сезона откако се играат фајнл-фор турнирите во „Ланксес Арената“ во Келн.

Клубот од Каталонија во финалето по изведувањето на пенали го совлада полски Киелце 37-35 откако во регуларниот дел беше 28-28.

Алекс Душебајев беше првиот ракометар што не го реализираше својот седмерец, во третата серија од пенал-рулетот, а сите петмина членови на Барселона беа прецизни во своите обиди, со што каталонскиот гигант успеа да ја одбрани титулата.

Алеиш Гомез со девет гола беше најзаслужен за славјето на каталонскиот гигант, а кај противникот дури шест играчи постигнаа по четири погодоци.

Голманите Де Варгас и Волф на двете страни имаа по идентични 12 интервенции.