
Барселона е во преговори со Де Јонг за нов договор
- Во преговори сме со Френки. Уверен сум дека ќе постигнеме договор. Тој е важен фудбалер за нас. Мислам дека е среќен во Барселона, а и ние сме среќни со него. Значи, не мислам дека ќе има никакви проблеми, изјави Деко за француските медиуми.
Спортскиот директор на Барселона, Деко, се надева на продолжување на договорот со играчот од средниот ред Френки де Јонг.
– Во преговори сме со Френки. Уверен сум дека ќе постигнеме договор. Тој е важен фудбалер за нас. Мислам дека е среќен во Барселона, а и ние сме среќни со него. Значи, не мислам дека ќе има никакви проблеми, изјави Деко за француските медиуми.
Дваесет и осумгодишниот Холанѓанец има тековен договор до летото 2026 година. Тој одигра три натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.