Баро: Заминувањето на Мадуро е добро за Венецуела, но САД го кршат меѓународното право

– Употребата на сила мора да биде регулирана со правила. Без овие правила, светот е подложен на законот на најсилниот. Франција ќе продолжи да ги брани своите принципи, рече Баро.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро денеска оцени дека заминувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој беше заробен во американската воена операција во саботата и однесен во Њујорк, е „добра вест за Венецуелците“, но истакна дека САД со интервенцијата го кршат меѓународното право.

Во изјава за јавната телевизија Франс 2, Баро рече дека „Мадуро бил бескрупулозен диктатор кој ги лишил Венецуелците од нивната слобода и им ги украл изборите“.

Сепак, министерот повтори дека методите што ги користат САД го кршат меѓународното право.

– Употребата на сила мора да биде регулирана со правила. Без овие правила, светот е подложен на законот на најсилниот. Франција ќе продолжи да ги брани своите принципи, рече Баро.