Барзов: Падна производството на автомобили за 30% a профитот на големите компании е зголемен до 40%’

,,Законот е донесен веќе во Европскиот парламент дека треба да се уќинат сите возила со фосилни горива односно со мотор и внатрешно согорување до 2035 година, но неодамна состанокот на министрите затранспорт во Стокхолм се случи една мала побуна која ја предводеше Германија на черло со нивниот министер за транспорт кој побара одложување на овој закон, на тоа се надоврза и Франција.Многу е лесно да се наметнуваат форми кои се нереални бидејќи автомобилската индустрија е една од најсилуваните индустрии во целиот свет” –  истакна Крумислав Барзов – автор и водител на „Авто Магазин во Трилинг.

,,Падна производството на автомобили за 30%, но профитот на големите компании е зголемен до 40%” – истакна тој.

,,Под елекрификација се подразбираат и хибридните возила од кои има два типа, самообнобливи и хибриди кои се полна.Ова е реално, до 2025 да се електрифицира целата гама на возила, но реално да разјасниме една работа.Тоа ќе се случи само во рамките на политичка Европа не во рамките на геогравска Европа. Што се однесува до електричните возила, инфраструктурата на полнење е  проблем и голем предизвик за сите земји. Веќе е заблуда дека полнењето со  струја е ефтин спорт.” – вели Барзов.

,,Електричните возила се прекрасни кога се возат во градска средина.Предизвикот е да се поминат поголеми дистанци.Сега во моментов поголем предизвик за автомобилската индустрија да направат адекватни програми за следење на ситуацијата на одредени места за полнење и капацитетот на батеријата за да ви пресметаат едно идеално траектоирање на вашето патување” – потенцираше тој.