Во „Трилинг“ од оваа сезона воведовме гостин-новинар, а во вечерашното издание тоа е новинарката Енџи Николоска која вечерва за хаосот во образованието разговара со универзитетскиот професор Кирил Барбареев.
Разултатите од истражувањето на ПИСА, но и многу други веќе подолг временски период кажуваат дека нашите ученици имаат сериозни проблеми во оглед на она што функционална писменост, започнува професорот.
Според гостинот многу работи треба да се променат во образовниот систем.
ПИСА бара одговор на две прашања: Што е тоа што го знам и што е тоа што го знам да го применувам во реалноста да ги решавам проблемите, вели гостинот.
Барбареев вели дека треба да се менуваат многу работи кај нас.
Анализата на Светска банка покажува дека во 11 години во Македонија вие како да сте посетувале 7.3 години, вели префесорот Барбареев.
Мојата клучна забелешка е дека министерството не е видливо во реформата. Не се видливи професионалните тела во желбата и волјата да се менуваат нештата, потенцира тој.
Професорот прашува: Како концепцијата направила проблем ако немаме учебници?
Целото интервју погледнете го во продолжение: