Банките не се обврзани да го послушаат премиерот, вели Бесими за „360 степени“

Ќе видиме како ќе одат преговорите, банките не се должни тоа да го направат согласно законската регулатива, меѓутоа кога се разговара со нив, мора мерките да се дизајнираат, а тоа го кажува и Светска банка и ММФ и Европската комисија, врз пазарна основа – вели Фатмир Бесими во интервју за „360 степени“.

Ќе видиме како ќе одат преговорите, банките не се должни тоа да го направат согласно законската регулатива, меѓутоа кога се разговара со нив, мора мерките да се дизајнираат, а тоа го кажува и Светска банка и ММФ и Европската комисија, врз пазарна основа – вели Фатмир Бесими во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Актуелни се преговорите на Владата со комерцијалните банки во врска со пласманот на дел од унгарскиот заем како кредити за компаниите. Притоа, премиерот Христијан Мицкоски извесен период апелира на општествена одговорност на банките со очекување тие да преземат дел од трошокот или да се откажат од дел од заработувачката при пласманот и адмнистрирањето на тие кредити.

На прашањето дали е во право премиерот кога очекува таков однос од банките, ексминистерот за финансии, Фатмир Бесими со одговор:

„Пристапот да се комуницира со банките мислам дека е очекуван и во конкретниот случај мислам дека Министерството за финансии постојано има преговори – дали тоа се благајнички записи, дали, на пример, кога имавме граѓанска обврзница седнавме со банките зашто за таа обврзница прво имаше реакции од банките, затоа што граѓаните наместо да ги депонираат своите заштеди во депозити во банки имаше друга опција, друг инструмент, меѓутоа со разговори со банките стигнавме до нешто. Го прифатија и го поддржаа и тоа имаше позитивен импакт бидејќи потоа банките ги подигнаа и каматите на депозитите на граѓаните, меѓутоа тоа беше мал процент од вкупните депозити.

-Меѓутоа, во конкретниот случај е различна позицијата на Владата, односно премиер и министер за финансии во однос на банките визави кога се дискутира со бизнис-заедницата или со стопанските комори затоа што тука регулатор е Народната банка. Значи и политиките во однос на банките ги регулира Народна банка. Во однос на комуникацијата, тука е Владата која обезбедува одредено финансирање и сака тоа да го постигне преку помали трошоци, меѓутоа помали трошоци врз буџетот за по иста каматна стапка да се стигне кај стопанството. Банките во овој случај, оние кои работат според нивните принципи имаат одредени правила – прво, пазарните принципи за профитабилност, рентабилност и ликвидност. Тоа им е приоритет и другите правила и регулатива што им ги наметнува Народната банка.

-Ќе видиме како ќе одат преговорите, банките не се должни тоа да го направат согласно законската регулатива, меѓутоа кога се разговара со нив, мора мерките да се дизајнираат, а тоа го кажува и Светска банка и ММФ и Европската комисија, врз пазарна основа, што значи за да бидат мерките или политиките на Владата одржливи, тие треба да се дизајнират на начин што одговара на пазарните законитости со тоа што со банките може да се договорите еднаш – еве да кажеме ќе покажат волја поради некои причини… Но, тоа е пазарно неодржливо, банките сега можат да ги остават нивните депозити во Нардона банка со 4,3% и во благајнички записи за 5,8%.

Инаку и поранешниот министер за финансии, Никола Поповски во госување во „Трилинг“ остро ги критикуваше овие потези на Владата и премиерот.

-Имам впечаток дека владата во целина не е доволно упатена што прави. Граѓаните нема да ја платат цената, граѓаните си плаќаат даноци. Ние ќе си ги платиме каматите,“ истакна Поповски, додавајќи дека новиот кредит од една милијарда евра ќе значи плаќање камати од 32 милиони евра годишно во следните 15 години.

Поповски ја проблематизираше и употребата на средствата: „Од тие една милијарда, 250 милиони одат во општините за проекти како тротоари, мега парк и поправка на кровови. Тоа ли е стратешки развој?“

Осврнувајќи се на јавниот долг, Поповски предупреди: „Сега е 63,2% од БДП, но до крајот на годинава ќе стигнеме до 65-66%. До 2026 ќе ги надминеме 70%, што за Македонија е неодржливо. Поради овие ад-хок задолжувања, државата ја туркаат во опасна финансиска зона.“

(Видео) Поповски: Мицкоски врши притисок врз банките, ЕУ перспективата е уништена