Балканот се сплоти во едно за малата Нина. Пред неколку дена беше објавена приказната која го искористи почетокот на распсустот за да му помогне на својот татко.
Таа продаваше крофни во Нови Сад, Србија за да собере пари за лекување, а тоа ја крена цела Србија на нозе и за еден ден беа собрани дури 1,5 милиони динари.
– Само од вчерашната акција која ја организиравме на плоштадот во Нови Сад беа собрани 1,5 милиони динари што е доволно за таткото на Нина да замине на преглед во Москва. По прегледите ќе знаеме колку пари се потрени за неговото лекување, велат луѓе кои помогнаа во акцијата за собирање пари.
Нејзиниот татко Зоран го загубил едното око поради тешка болест, а во опасност е и другото око.