Албанец од Косово (60-годишен) е осуден во Австрија на доживотен затвор за убиство на сопругата.
Тој е обвинет дека во ноември минатата година ја избодел сопругата 16 пати по брачна расправија. По убиството излегол да се прошета, изјавил пред судот.
„Потоа отидов кај соседот и му кажав дека ја убив сопругата и дека треба да повика полиција“ – додаде тој.
Расправијата избила за појадок, бидејќи, како што рекол, сопругата му послужила супа.
„Жена ми сакаше да ме натера да јадам супа рано наутро. Покрај тоа, таа зборуваше лошо за мојата ќерка од првиот брак“ – објаснил тој, пренесува „Телеграф“.
Тој додал дека изгубил контрола, извадил нож од кујната и ја нападнал жената.
Тој го признал делото, но не се покајал пред судот.
Неговиот адвокат се обиде да избегне пресуда за убиство и тврдеше дека тоа е дело извршено под влијание.
Но, судот не му поверувал, бидејќи Албанецот ја избодел жената од зад грб.
Затоа и донесе пресуда со најтешката казна – доживотен затвор.