„Базарче дружба“, посветена на сите штркови како Силјан

Непосредно пред македонската премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“, денеска ќе се одржи настан под наслов „Базарче дружба“, посветен на сите штркови како Силјан.

Непосредно пред македонската премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“, денеска ќе се одржи настан под наслов „Базарче дружба“, посветен на сите штркови како Силјан.

Настанот го организира активистката Мариа Дуда,а ќе се одржи во просторот Books & Dogs (3 Бисери), во периодот од 12:30 до 17:00 часот.

-Во рамки на базарчето, посетителите ќе имаат можност да изберат и испечатат дизајни со мотиви од Силјан штркот на дуксови, маички, капи и разгледници, со автограм од Тамара Котевска и Жан Дакар. Средствата собрани од продажбата и донациите се наменети за изградба на првиот рехабилитациски центар за штркови. Како симбол на оваа иницијатива, на настанот ќе присуствува и Јорго штркот, кого посетителите можат лично да го запознаат. Секој што ќе купи или донира ќе биде впишан со свое име на еден од ѕидовите на новиот центар, како траен знак на поддршка, стои во најавата.

Настанот е замислен како отворена, пријателска средба која ја продолжува приказната за Силјан, од филмско платно во реална поддршка за заштита на штрковите, наведува организаторот.